Компанијата Металкеј беше формирана во далечната 1992 година. Таа е вклучена во производство на машински позиции од ф1-500мм (стандардни и по цртежи), стругање, глодање, сечење, дупчење, брусење, валање на навои, калење, пресување, ковање во алат до 6 кг. и други сродни услуги.
Располага со следниот машински парк:
3 CNC стругови: од ф6 до ф300/1000
2 CNC глодалки: 600/320/320
4 универзални глодалки: 1000/400/300
5 стругови универзални: ф 550/1000
3 автоматски стругови: ф3 20/180
5 хидраулични преси: 100т., 63, 20, 5, 2 т
3 машини за сечење: ф 320, ф280, ф120
3 машини за валање: М2 до М100 Тр 100/0, б бесконечно
3 брусалки за брусење: ф320/1000, ф 250/180/200
3 печки за калење: 50 кг, 100 кг – 100 кг
2 апарати за мерење тврдина: Роквел, Бринер и останата опрема
Тргува со разни алати и прибор: ФРА Чачак, Стим тоолс Чешка, ХПМ Данска, БТС компани Словенија
Компанијата Металкеј располага со следниве алати:
– бургии – 50 000 парчиња
– навојни алати – 8 000 парчиња
– алати за глодање – 10 000 парчиња
– стругарски алати – 12 000 парчиња
– прибори – 20 000 парчиња
– други алати – 5 000 парчиња